Балканот се соочува со закана од голем студ и снежна бура, што да очекува Македонија
Снежна бура доаѓа кон Балканот. Тепмературите ќе паднат под нулата, а се очекува дожд кој ќе мрзне на тлото.
Невремето веќе денеска ќе ја зафати Хрватска. Се очекуваат обилни врнежи од снег и многу ниски температури. Ќе се формира снежна покривка од 5 до 20 сантиметри, а на повиоските места и повеќе.
Ладен воздуд ќе го зафатат целиот Балкан, а по Хрватска невремето прво ќе ја зафати Србија. Таму во наредните седум дена, почнувајќи од утре ќе биде облачно со снег и леден дожд. Најмногу врнежи ќе има во јужните и централните делови од земјата.
Од утре вистинската зима доажа и во Македонија. Во поголемиот дел од земјава се очекуваат обилни врнежи од снег и формирање снежна покривка.
УХМР информира дека од утре нашето подрачје ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови, кои ќе предизвикаат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег.Врнежите ќе бидат со променлив интензитет.
Кон крајот на утрешниот ден на некои места врнежите ќе поминуваа во дожд, а интензитетот постепено ќе се намалува.
Обилни врнежи од снег веќе три дена има и во Турција. Илјадници патници ја минаа новогодишната ноќ блокирани на двата аеродорми во Истанбул. Заради силното невреме откажани се дури 300 летови.
-
Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар