Македонија
23. March 2021 - 12:11

13 прекршувања на забраната за движење

Од 22.00 часот (22.03.2021) до 05.00 часот (23.03.2021) констатирано е дека 13 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак (22/23.03.2021) на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 365 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.