Македонија
20. March 2021 - 17:12

Заев за ,,Дело‘‘: Македонија заслужува поддршка

Верувам дека  Словенија за време на претставувањето со ЕУ ќе му даде нов значаен импулс на процесот за проширување на Унијата, посочи премиерот Заев во интервјуто за електронското издание на словенечко Дело.  Тој дадава дека ако  некој заслужува да добие поддршка за следен чекор на патот кон Унијата, дека тоа е земјава.

.„Точно е дека со неодобрувањето на преговарачката рамка Северна Македонија губи драгоцено време, но сметам дека единствената исправна европска реакција е да се засилат барањата за да се почитуваат европските вредности и мислам дека Словенија ќе го заземе овој став за време на претседавањето со ЕУ и дека тоа ќе биде од огромен придонес за нов импулс во процесот за проширување на Унијата“, вели Заев за словенечко „Дело.

Заев  очекува  словенечкото  претседателство од први јули годинава освен за земјава да биде значајно и за останатите држави во  регионот.

На интервјуто на Заев реагираа од опозициската ВМРО- ДПМНЕ. Од таму посочуваат дека Македонија никогаш не била понижена, поделена од бесперпективна од сега.

Економијата е уништена, угледот погазен, се распродаваат националните и државните интереси, европската перспектива е во ќор сокак поради погрешните политики на Заев, народот се гуши во сиромаштија, се вели во реакцијата од партијата.

Минисетрот за надворешни Османи пак во интервју  за шпанската новинска агенција ЕФЕ и магазинот Еуроактив  порачува дека  Македонија станала лакмусов тест  за кредибилитетот на проширувањето на Унијата и затоа преговорите за нејзино пристапување не смеат и понатаму да се одложуваат.

Одложувањето на почетокот на преговорите, кои ја засегаат и Албанија, би било сериозна геостратешка грешка бидејќи ќе има последици за целиот балкански регион, нагласува Османи во интервјуто