Полни болниците во Атина, мал одѕив на приватните лекари
Речиси 100 проценти се исполнети ковид креветите на Одделите за интензивна нега во областа Атика, поширокиот регион на Атина, со хоспитализирани над 2.000 пациенти, додека пак мал е бројот на приватни лекари, кои се пријавиле да помогнат.
Притисокот врз здравствениот систем секојдневно се зголемува, а денеска на полноќ истекува и повикот на министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас до приватните лекари да се вклучат доброволно во битката со Ковид-19, бидејќи во спротивно ќе бидат мобилизирани.
Според грчката телевизија „Мега“, досега се пријавиле 55 доктори, додека пак Кикиљас во средата повика барем 200 пулмолози, општи лекари и сл.
Во онколошката клиника во Атина, потврдена е раширеност на коронавирусот кај 24 здравствени работници и девет пациенти, а директорот на медицинската служба во болница Павлос Сароф за телевизијата „Опен“ вели дека се вакцинирале само 55 отсто од лекарите и медицинските сестри.
Со одлука на министерот за здравство на Грција, за сите здравствени работници и вработени во болниците кои не се вакцинирани, задолжителен ќе биде рапид тест двапати седмично.
Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, во изминатите два дена има над 3.000 новозаразени, додека пак вчера, вкупно 645 пациенти беа приклучени на апарати, што претставува рекорден број.
Еден случај на мутација на Ковид-19 што е комбинација на британскиот и јужноафриканскиот сој е регистриран во Грција, во областа Атика, поширокиот регион на Атина и според грчките медиуми, предизвикува загриженост кај епидемиолозите.
Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција денеска одржува состанок за актуелната ситуација со пандемијата во земјата, а не е исклучена можноста на Владата да ѝ препорача олабавување на мерките, како на пример намалување на полицискиот час, односно од 19 да почнува од 21 часот за викендите во деловите што се во темноцрвената зона, но и можноста од понеделник да се отворат фризерските и козметичките салони.
Одлуките на Владата, како секој петок, ќе бидат попладне соопштени на редовната прес конференција.
Ново на Сител
-
Стармер и Фон дер Лајен: Скапо ја плативме цената за руската енергетска уцена
-
Макрон: Американскиот гнев треба да биде насочен само кон Путин
-
Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“
-
Гробот на папата Франциск ќе биде отворен за јавноста од недела наутро
-
Блумберг: САД ќе бараат Русија да го признае правото на Украина на сопствена армија и одбранбена индустрија
-
Најмалку 12 луѓе загинаа при рускиот напад врз Киев
-
Времето утре променливо облачно со дожд и грмежи
-
Тошковски за трагедијата во Кочани: Досега осомничени 68 физички и три правни лица, не се постапува селективно