Loading Video...
Свет
18. March 2021 - 12:29

Бугарија од понеделник воведува 10 дневен „локдаун“

Бугарија од понеделник воведува 10 дневен локдаун на целата територија на државата по драматичното зголемување на бројот на заболени од Ковид-19. Инциденцата во земјата е во просек 483% што е девето место во Европската Унија. Со новите мерки нема да бидат дозволени посетите на рестораните, туку дозволени се само испораки за дома и во канцеларии. Градинките престануваат да работат. Дозволено им е да работат само на продавниците за прехрамбени производи, аптеките, оптичарите, проавниците за миленичиња и банките. Прослави, свадби и крштевки со повеќе од 15 лица не се дозволени.

Британскиот премиер Борис Џонсон најави дека ќе се вакцинира со вакцината на АстраЗенека и покрај загриженоста на цела Европа поради информациите за појава на згрутчување на крвта. 

- Можеби најдоброто нешто е што можам да го кажам во врска со програмата за вакцининација со АстраЗенека  е дека јас наскоро ќе ја примам вакцината што со задоволство го откривам, изјави британскиот премиер. 

Вакцинирањето во Европа во последните две недели беше нарушено поради информации за случаи на тромбоемболија кај пациенти што примиле вакцина на АстраЗенека. Поради тоа имунизацијата со оксфордската вакцина ја прекинаа 19 земји во Европа иако до сега ја примиле повеќе од 17 милиони луѓе.

Русија бара извинување од САД за изјавата на актуелниот претседател Џо Бајден дека рускиот лидер Владимир Путин е убиец. Заменик претседателот на Горниот дом на рускиот Парламент Константин Косачов рече дека коментарите на Бајден се неприфатливи и дека неизбежно ќе доведат до влошување на веќе лошите врски со што ќе се стави крај на надежите на Москва за промена на американската политика со доаѓањето на новата администрација. Според него повлекувањето на амбасадорот Анатолиј Антонов од Вашингтон било единствениот разумен чекор што морало да го направат руските власти. Претходно Џо Бајден во интервју одоговори потврдно на новинарско прашање дали верува дека рускиот претседател е убиец опишувајќи го Путин како бездушна личност.