Николовски се врати од Дубаи: Д-р Асани е разрешен – Законите важат за сите подеднакво
Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски откако се врати од Дубаи на фејсбук напиша дека нема компромиси кога во прашање е здравјето на граѓаните, потенцирајќи дека директорот на струшката болница Мухамед Асани е разрешен.
- Директорот на струшката болница, Мухамед Асани, е разрешен. Нема компромиси кога е во прашање здравјето на граѓаните.
Изминатиот период бев во постојана координација со надлежниот инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој веднаш ги презеде сите мерки што се во нивна надлежност. Инспекторатот изврши вонреден надзор, и по констатирањето дека во домот на Асани има дива гинеколошка ординација веднаш му издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност.
Следен чекор на ДСЗИ беше поднесување на пријава за кривична одговорност во Основното јавно обвинителство Струга, за што во тек е истражна постапка.
Владата ќе продолжи да работи на механизми и системски мерки за расчистување на сите случаи, во интерес на сите граѓани.
Државата е тука за граѓаните. Законите важат за сите подеднакво! - напиша Николовски на Фејсбук.
Ново на Сител
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
