Болниците во Софија пред колапс поради заболени од Ковид-19
Општинските болници во Софија се пред колапс поради исклучително зголемен број новозаразени со Ковид-19, јавија локални медиуми. Во главниот град на Бугарија над 75 отсто од креветите во болниците се со пациенти заразени со коронавирусот.
– Ситуацијата е сериозна и се добллижуваме до критичната точка. Имаме само 12 слободни кревети, а вчера отпуштивме 26 луѓе кои се опоравија, изјави Борил Петров од една од болниците во Софија за локални медиуми.
Здравствените власти најавија дека ќе се зголеми бројот на кревети за 20 отсто за евентуално нови пациенти со Ковид-19.
Болниците во Софија имаат и голем проблем со недостиг од медицински сестри поради висок број на заболени меѓу нив.
Во изминатите 24 часа има 4.374 нови случаи на инфекција со коронавирус во Бугарија. Бројот на смртни случаи е 107. Хоспитализирани се 7.600 лица, а 612 лица се на оддели за интензивна нега. Активните случаи на инфекција се 47.173. Вакцинирани се 4287 лица во последните 24 часа.
Ново на Сител
-

Ѓуретановиќ го има вториот настап на ЕП на 400 метри слободно
-

Две жени загинаа во поплави и одрон во Шпанија, повредени и две бебиња
-

Се помали надежите за преживеани по земјотресот во Колумбија, бројот на жртви е околу 300
-

Рама: Протестите покажуваат нормална европска Албанија
-

Сончево време со мала до умерена локална облачност
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
