Loading Video...
Бизнис
16. March 2021 - 16:41

Како се трошат парите од солидарниот фонд за Ковид- 19?

Каде се трошат парите од солидарниот фонд за  санирање на последиците од Ковид? Досега во него се собрани околу 4 милиони евра, велат од финансии. Од нив или 2,3 милиони евра се на сметката на Министерството за здравство, а 1,6 милиони евра на сметката на Влада. 

Пари донарале познати компании, рудници, банки, странски амбасади, државни претпријатија, но и доста од граѓаните. На листата физички лица кои решиле онлајн да донираат во солидарниот фонд и кои сакале да бидат јавно објавени можат да се забележт имиња  на поранешни фунцкионери но и на дел од експертската  јавност.  

Од Владата уверуваат дека со овие пари ќе бидат помогнати сите оние кои се погодени до ковид кризата, естрадни уметници, културини, филмски работници, мали микро и средни фирми.

Од Министерството за здравство пак велат дека дел од средствата се искористени за набавка на медицинска и немедицинска опрема за модуларните и за другите болници во земјава, за ангажирање на пероснал за справување со ковид кризата и за набавка на тестови за детекција на вирусот.

Првата уплата во фондот беше извршена во април минатата година, а последните пари легнаа на почетокот на месецов. Освен парични средства, дел од фирмите и граѓаните донирале и медицинска опрема.