Loading Video...
Свет
15. March 2021 - 12:22

Во Холандија прекината имунизацијата со вакцината на АстраЗенека

Холандија е последната земја од ЕУ којашто ќе запре со користењето на вакцината на АстраЗенека против Ковид-19 најмалку до 29 март како мерка на претпазливост, соопшти синоќа холандската Влада. Одлуката е одговор на извештаите од Данска и Норвешка за можни сериозни несакани ефекти, се вели во соопштението. Претходно, дури девет земји членки на ЕУ ја прекинаа имунизацијата со оваа вакцина поради компликации и смртни случаи.

Христијанско-демократската унија на германската канцеларка Ангела Меркел претрпе убедлив пораз на регионалните избори во две сојузни покраини. Во Баден Виртемберг најголема поддршка освоија Зелените со 32,7% со кои веројатно ќе останат на власт на чело со премиерот Винфрит Кречман додека во рајнската област победи Социјалдемократската партија со околу 35%. Покраинските избори ќе влијаат и на тоа кој ќе биде нов канцелар на Германија по изборите што треба да се одржат во септември.

Главниот град на Кина, Пекинг е погоден од силна бура со силни ветрови кои донесоа огромни количества песок од пустината Гоби во Северозападна Кина. Според метеоролозите станува збор за најсилната песочна бура во регионот во последната деценија. Честичките ПМ10 во некои региони на Пекинг достигнаа до 8000 микрограми на метар кубен, а дозволената граница е 50. Поради песочната бура се откажани 428 летови од аеродромите во Пекинг.