Мицкоски: Македонија доби уште еден врел шамар поради неспособната тендер Влада на Заев
На Исток бркаат провизии, а Запад му затвора врата на Заев зашто е корумпиран, реагира опозицискиот лидер откако шефицата на Европската комисија објави дека Македонија нема да биде дел од државите кои ќе добијат финансиска помош од пакетот вреден 530 милиони евра.
Според Мицкоски, премиерот Зоран Заев денеска добил уште еден врел шамар.
-Вака на кратко изгледа сагата за набавка на вакцини, додека државава руши рекорди во смртни случаи поради Корона. Денес за жал Македонија доби уште еден врел шамар поради неспособната тендер влада на Заев. Македонија не е во групата на земји на кои Европската Комисија ќе им помогне со финансиска и медицинска помош преку солидарниот фонд чиј вкупен износ е 530М€, во кој од регионот вклучени се земјите кандидати Србија, Албанија и Црна Гора. Јасно е дека никој не сака соработка со корумпиран премиер и влада. На исток бркаа прозивии за набавка на вакцини, на запад затвораат врата затоа што никој не дава пари на влада која е најкорумпирана во Европа, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Според него, луѓето кои ги загубиле животот како последица на коронавирусот би можеле да бидат живи ако имале избор за вакцинирање.
-Ова се случува зашто наместо да делат вакцини, тие сакаат да делат тендери на фантом фирми, вели Мицкоски.
Ново на Сител
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
