Македонија
10. March 2021 - 12:31

Приведено лице од гостиварско по кого бил издаден налог за апсење

На граничниот премин „Јажинце“ од слобода е лишено лице од Гостиварско, бидејќи е констатирано дека по него е издаден налог за апсење од страна на ОВР Гостивар и Сектор за меѓународна полициска соработка, соопшти денеска МВР.

– Синоќа во 22:20 часот на Граничен премин „Јажинце“ од слобода бил лишен М.А.(33) од село Балин Дол, гостиварско, бидејќи по извршена пасошка контрола било констатирано дека е предмет на потрага во „стоп листа“ со мерка „апси“ поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“, а бил баран по телеграма од ОВР Гостивар и Сектор за меѓународна полициска соработка, се наведува во соопштението на Министерството.

Лицето било предадено на полициски службеници од Полициско одделение Чегране за понатамошна постапка.