Заев за вакцините од Русија: Србија е неутрална, ние одлуките ги носиме согласно стратешките определби
Во денешната Тема на денот во Дневникот на Сител телевизија, премиерот Зоран Заев кажа дека вакцините кои ни беа понудени од Русија не биле одбиени туку се чекало на завршување на третата фаза на тестирање и официјална документација.
- Не сме ги одбиле вакцините кои што ни беа понудени од Русија во септември, само баравме дополнителни информации кои што можеме официјално да ги бараме поради тоа што во септември, па и до крајот на годината се уште траеше третата фаза на тестирањето на „Спутник“ вакцината. Моравме да добиеме информации за нивната регистрација, сме согласно европските закони комплетно и сме земја членка на НАТО. Ние сме различни од Србија затоа што нашите одлуки ги носиме согласно нашите стратешки определби. Поради фактот што Србија е воено - политички неутрална тие имаа можност директно да склучуваат договори со земјите кои не се членки на ЕУ и НАТО, кажа Заев.
Ново на Сител
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница
-
Британски борбен авион Ф-35 изврши принудно слетување во Јапонија
-
Армијата и Министерството за одбрана им оддадe почит на загинатите припадници кај Љуботенски бачила
-
Приведени четири возачи за возење под дејство на алкохол
-
Нешто помалку од 1.600 хектари изгореле во пожарот во близина на Атина