Медицинскиот дел од Кризниот штаб во Србија предложи полициски час и забрана за контакти

Единствената опција што ја предлага медицинскиот дел на Кризниот штаб е апсолутен локдаун, односно полициски час и забрана за контакти, бидејќи, според нив, тоа е најефикасен начин за седум до 10 дена да се намали бројот на заразени од коронавирус во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
-Имаме големо оптоварување на здравствениот систем и ако имаме повеќе заболени, тогаш не можеме да ги вакцинираме луѓето, изјави покраинскиот секретар за здравство,Зоран Гојковиќ, по седница на Кризниот штаб.
Како што кажа Гојковиќ, медицинскиот дел затворањето го гледа како единствено можно решение за проблемот, со оглед на епидемиолошката состојба.
-Тие јасно и решително изјавуваат дека во овој момент тоа би било најсоодветно, што се однесува до медицинската работа. Тие не можат и не сакаат да навлегуваат во проблемот какви последици ќе предизвика локдаунот, пред се за економскиот дел, што ги носи таа последица, па останува да се состанеме повторно во следниот временски интервал, да имаме консултации и да донесеме одлука која ќе биде адекватна, кажа Гојковиќ.
-Единствената опција што се предлага во моментот е апсолутно заклучување и полициски час, што е единствениот начин да се стабилизира епидемиолошката состојба во следните седум до 10 дена, изјави Гојковиќ
Тој изјави дека сè може да се затвори, но дека проблемот е што без полициски час се организираат собири и забави по куќите.
Ново на Сител
-

АЛТА банка АД Битoла е ликвидна и продолжува со стабилно и непpечено работење
-

ДИК: Вкупно 107 болни или немоќни и 9 лица кои се на издржување казна затвор можат да гласаат на вториот круг во Брвеница
-

Бројот на смртни случаи од ебола во Конго надминува 5.000
-

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД
-

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните
-

Облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Денеска се празнува Светиот апостол и евангелист Лука
-

Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на АЛТА банка
