ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да си даде оставка веднаш!
Оливер Спасовски да си даде оставка веднаш! Додека Спасовски ажурира членство по куќи Сашо Мијалков му побегна пред очи. Иако институциите знаеле уште од саботата дека постои опасност да бега МВР 24 часа не преземале ништо и чекале да побегне.
Според информациите кои излегоа во јавноста институциите знаеле уште во саботата во 16 часот дека постои опасност од бегство на Сашо Мијалков, но не преземале ништо. Чекаа да помине цел ден и Мијалков да избега.
Доколку Спасовски знаел дека Мијалков ќе бега, зошто не ги преземал сите неопходни мерки против негово бегство?! Зошто дозволил Мијалков да побегне?!
Со самиот факт што Спасовски знаел за бегството на Мијалков и не преземал ништо говори дека Спасовски свесно го пуштил Мијалков да избега.
Постои основан сомнеж дека има договор Заев - Спасовски - Мијалков за бегството на Мијалков и Спасовски мора веднаш да си даде оставка.
Секој поминат ден на чело на МВР е штетен за државата. Оставка веднаш.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница