Бугарија ќе издвои 9 милиони евра за изградба на граничниот премин Клепало меѓу Берово и Струмјани
Софија планира да издвои 9 милиони евра за изградба на граничниот премин „Клепало“ меѓу Струмјани и Берово, кој е стратешки проект за Бугарија и Македонија, со што ќе се подобри поврзаноста помеѓу двете земји, ќе се олесни трговијата и ќе се поттикне туристичката размена, изјави бугарската заменик-министерка за регионален развој и јавни работи Деница Николова за „Бугарија он ер“.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Николова нагласи дела проектот предвидува изградба на целата неопходна инфраструктура, вклучително и дел од патните прваци до граничниот премин.
Николова потенцира дека во досегашното 17-годишно партнерство во областа на прекуграничната соработка меѓу Бугарија и Република Македонија, заеднички се реализирани 230 проекти, од кои 60 се во рамките на претпристапните програми на ЕУ, а останатите 170 се спроведени во двата програмски периоди од 2007 година, па до сега.
– Од 2014 година одвоивме над 19 милиони евра. Имаме 65 отсто искористеност на средствата, што значи дека проектите се успешно договорени и се реализираат на време и со поставените цели. Програмата, исто така, го поддржува подобрувањето на животната средина, развојот на туризмот, културата и слично, додаде Николова.
Според бугарската заменик-министерка, во следните години програмата треба да се фокусира на развој на економскиот потенцијал и поддршка на компаниите што создаваат работни места, вработувања и можат да го зголемат животниот стандард и приходите.
Николова најави дека во периодот до 2027 година, Бугарија планира да инвестира 50 отсто повеќе средства во развој на пограничните региони со Република Македонија во рамките на програмата за прекугранична соработка, во однос досега издвоените нешто повеќе од 19 милиони евра.
– Бугарската Влада вложи напори да го зголеми буџетот во знак на поддршка на териториите што се важни за нас, изјави Николова.
Ново на Сител
-

Иран ги обвини САД дека не ги исполниле своите обврски по израелскиот напад во Либан
-

Трамп ги повика Израел и Хезболах да престанат со напади „за да не ги расипат“ напорите за мир во регионот
-

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
