Поранешна раководителка за финансии во ФФМ неовластено пристапувала до програмата за сметководствената евиденција
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, поднесе Посебен извештај со констататација за постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем “ по член 251 од Кривичниот Законик на Република Македонија од страна на лицето О. М., во својство на поранешен раководител на Одделението за финансии и сметководство во Фудбалската федерација на Македонија.
-Лицето О.М., откако била отстранета од работното место во Фудбалската федерација на Македонија, во периодот од 13.10.2019 до 28.10.2019 година во повеќе наврати неовластено пристапувала до програмата за сметководствената евиденција на Фудбалска федерација на Македонија преку апликацијата TeamViewer од нејзинот персонален компјутер надвор од просториите на ФФМ и истата вршела измени – прекнижување, докнижување и бришење ставки во сметководствената евиденција на ФФМ, со цел да ги прикрие трагите од сторените кривични дела кои и се ставаат на товар, сите опишани во кривичната пријава веќе поднесена од страна на Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, наведува Управата за финансиска полиција.
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
