Македонија
18. February 2021 - 11:06

Утрово во Скопје загадениот воздух повторно е над дозволеното

Моменталната ситуација на квалитет на воздухот во главниот град е многу лоша. Секој може да почувствува непожелни ефекти врз здравјето, членови на чувствителните групи може да почувствуваат и посериозни негативни ефекти врз здравјето.

Жителите на градот Скопје и денеска се гушат во загаден воздух.

Утрово загадениот воздух повторно е над дозволеното, а најзагадена е Автокоманда со 270 микрограми на метар кубен.

Слична е ситуацијата во Ново Лисиче, Маџир Маало и 11 Октомври.