Македонија
17. February 2021 - 20:33

Ахмети: Нема никакви причини пописот да се одложи

Одговарајќи на новинарско прашање лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека нема никакви причини за одложување на пописот кој е закажан за април.

Што се однесува до предвремените избори сметам дека се организираат во случаи на кризи, нефункционирање на Парламентот, блокирање на институциите, такво нешто нема и ниту во иднина мислам дека нема да има, бидејќи не се во интерес ниту на државата, а ниту и на партнерството во овој случај, рече Ахмети.