Внатрешна истрага во Глазгов Ренџерс за кршење на ковид-протоколот
Шкотскиот фудбалски прволигаш Глазгов Ренџерс соопшти денеска дека отворил интерна истрага по информациите дека играчи на клубот ги прекршиле мерките за спречување на ширење на коронавирусот.
Актуелниот лидер во шкотското првенство отвори истрага во своите редови, откако полицијата потврди дека во неделата во еден часот по полноќ прекинала приватна забава во Глазгов. Казни им се изречени на десетина лица поради кршење на ковид-протоколот, а локалните медиуми објавија дека меѓу присутните на забавата имало и играчи на Глазгов Ренџерс.
-Клубот е свесен за овој наводен инцидент и истиот е предмет на интерна истрага, соопшти Глазгов Ренџерс.
На почетокот на оваа година Глазгов Ренџерс им изрече двонеделна суспензија на двајца свои фудбалери поради присуство на приватна забава, а Шкотската фудбалска федерација дополнително ги суспендираше на седум натпревари.
Ново на Сител
-
Европол: Уапсени над 400 лица во борбата против лажни лекови во 30 земји
-
Кошта: Членките на ЕУ и НАТО се подготвени да ги зголемат трошоците за одбрана на над два отсто од БДП
-
Општина Битола обезбеди финансиска поддршка за лица со ретки болести
-
Пакистанец ја убил својата ќерка тинејџерка поради видео на ТикТок
-
Таравари најави и други акции за откривање злоупотреби од здравствени работници, повика да бидат коректни
-
Ле Пен: Франција треба да го следи примерот на Трамп за депортациите
-
Студентите од Белград тргнаа на протестен марш кон Нови Сад
-
Тетово: Полицајци пукале во воздух откако 32-годишник удрил во полицаец па се дал во бегство