Македонија
12. February 2021 - 17:40

Украдени 162 пригушувачи за автоматски пушки од поранешен погон за оружје во Самоков

Вчера во 15.00 часот во Полициската канцеларија Самоков, С.С.(36) од Скопје, управител на приватна фирма, пријавил дека во периодот од јули 2020 до 09.02.2021 од прирачниот магацин, лоциран во склоп на компанијата, поранешен погон за ремонт на оружје, сега погон за конфекција, непознат сторител одзел 162 пригушувачи за автоматска пушка и две цевки и кундаци за воздушни пушки, соопштуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото, а за настанот бил известен Јавен обвинител од ОЈО Кичево. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.