Бизнис
10. February 2021 - 16:36

Сметководителите бараат итно повлекување на законските измени

Измените во законот за сметководствени услуги закана за многу фирми да стават клуч на врата. Сметководителите бараат итно да се повлечат од Собранието. Велат со нив се дозволува влез на странски држјавани во професијата со што дополнително ќе се наруши работењето на домашните канцеларии. Ако не се повлечат измените ќе преземат порадикални чекори. Бараат итна средба со министерот Бесими.

Од Министерството за финансии уверуваат дека со предлог измените нема да има промени на пазарот на сметковоствени услуги во земјава.

- Со тековните одредби физичко лице кое има професионална квалификација за сметководител или овластен сметководител од странство и сега може да се стекне со уверение за сметководител, односно овластен сметководител по претходно полагање на испити според Програмата која ја утврдува Институтот на сметководители и овластени сметководители согласно закон;

- Со предложените измените се допрецизира дека законската постапката се однесува на секое лице кое има професионална квалификација стекната во странство а сака да се стекне со уверение за сметководител или уверение за сметководител издадено од Институтот.

Пристапот на нашиот национален пазар на сметководствени услуги на даватели на сметководствени услуги од европскиот економски простор, ќе се случи по пристапување на Република Северна Македонија во Европската унија, односно кога севкупниот наш пазар ќе стане дел од единствениот европски внатрешен пазар. Инаку, предвидено е изготвување на нов Закон за сметководствени услуги, кој како и сите останати законски решенија ќе се носи преку инклузивен процес и на транспарентен начин, велат од Министерството за финансии.

Голем проблем за фелата остануваат и роковите за доставување на завршните сметки. Откако надлежните институции останаа глуви на ова барање, сега сметководотелите пролонгирање на роковите ќе бараат преку пратениците.

Во земјава има околу 10 илјади овластени сметководители.