„Тајмс“: Над 200 британски научници под истрага за трансфер на воена технологија во Кина

Британските безбедносни служби испитуваат повеќе од 200 британски научници осомничени дека на Кина и доставувале класифицирани информации за најновите оружја, соопшти „Тајмс“, повикувајќи се на добро информиран извор.
Според весникот, научниците се осомничени за кршење на „строгите извозни ограничувања, што имаат за цел спречување на трансферот на интелектуална сопственост“ во стратешки важните области кон непријателските земји.
Според изворот, цитиран од „Тајмс“, британската Влада се подготвува да испрати известувања до повеќе од 200 британски граѓани кои работат во повеќе од десетина универзитети во Велика Британија. Тие се осомничени дека на Кина и ги предале резултатите од тајното истражување на најсовремената воена технологија поврзана со авиони, ракетен дизајн и кибер оружје. Голем дел од научниците, кои се под истрага, се осомничени дека ненамерно го прекршиле законот склучувајќи трговски зделки со кинески компании.
-Во блиска иднина ќе можеме да видиме десетици научници како стојат пред судиите, изјави изворот за „Тајмс“.
Доколку се докаже дека се виновни научниците можат да добијат затворска казна до 10 години, потсетува весникот.
-Извозниците на воена опрема и оние кои се вклучени во трансферот на воена технологија, наведени во Уредбата за контрола на извозот од 2008 година, мораат да имаат дозвола за извоз или трансфер на технологии од Велика Британија, изјави претставник на британската Влада.
Ново на Сител
-

Македонија дел од голема меѓународна акција: Жртви во 50 држави и штета од над 4 милиони евра од интернет-измами
-

По седум години судење, Боки 13 ослободен од сите обвиненија
-

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1 милион евра
-

МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување
-

Лукашенко: Ако сега не ја запреме војната во Украина ќе избувне трета светска војна
-

Сиљановска-Давкова во Брисел: Очекуваме еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во ЕУ
-

Мицкоски - Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка
-

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала предложен за почесен граѓанин на Скопје по истражувањето на пештерата Врело
