Времето денес облачно и топло, од утре дожд
Умерено до значително облачно време со повеќе сончеви периоди ќе преовладува денеска во земјава. Претпладне во одделни котлини ќе има магла. Ќе дува умерен, а попладне повремено засилен јужен ветер особено долж Повардарието. Веќе кон крајот на денот во западните делови од земјава ќе врне дожд.
Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 6, а дневната од 13 до 19 степени.
Во Скопје, слично време со зголемување на облачноста попладне. Во утринските часови ќе има услови за магла и ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 16 степени.
Во понеделник преку ден врнежите ќе се прошират низ цела држава, а во западните делови ќе бидат повремено поројни. Во планинските региони наместа ќе има појава на грмежи. Ќе дува умерен до силен јужен ветер (над 60 км/ч). Врнежи од дожд ќе има и во вторник попладне и ќе бидат пообилни на западот (над 20 л/24часа). Дневните температури до среда ќе бидат над просекот за овој период од годината, а утринските ќе бидат позитивни.
Ново на Сител
-
Приведен дрвокрадец од скопско
-
Кремљ официјално ги потврди договорите за делумен прекин на огнот
-
Зеленски: Ако Русија го прекрши договорот, Украина ќе бара санкции и оружје
-
Велешанец на фан страна на национална телевизија објавувал коментари со омраза
-
46-годишна жена од Скопје го пријавила сопругот кој подолго време ја следел и ја вознемирувал
-
Уапсен турски државјанин кој превезувал брендирана текстилна стока без документација
-
Папата Франциск беше толку блиску до смртта што лекарите размислуваа да го прекинат лекувањето
-
Наплаќале 24/7 обезбедување на патарини а обезбедувале само прва смена, злоупотреби при јавни набавки во Државни патишта