Почина новинарот Ристе Недановски
По кратко боледување на 62-годишна возраст, вчера почина новинарот Ристе Недановски, соопштија од Лекарската комора, каде што од 2011 година го уредуваше гласилото на Комората, Vox Medici.
За колегите новинари Недановски ќе остане запаметен како врвен познавач на проблематиката во здравството, социјалната сфера и за пензискиот систем кои доминираа во неговиот богат новинарски опус во дневните весници „Вечер“, каде што ја започна неговата кариера, а подоцна и во „Дневник“ и „Утрински весник“, каде што во целост дојде до израз неговиот потенцијал и длабокото познавање на темите за кои што пишуваше.
Во неговата биографија, која ја споделија од Лекарската комора, стои дека во 1980 г. го запишал Факултетот за интердисциплинарни студии по новинарство при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје. Од 1991 година работи како новинар за здравство во редакцијата на „Вечер“ во НИП „Нова Македонија”, а во 1997 година преминува во редакцијата „Дневник“. Во 1999 стана заменик-уредник на економската рубрика и новинар за здравство во редакцијата „Утрински весник“, а од 2004 е уредник и новинар за здравство во редакацијата „Вечер“.
Од активното новинарство се повлекува во 2006 година кога работи како PR менаџер во „Публицис“ – Скопје, а од 2009 год. е извршен директор и PR менаџер во „Концепт маркетинг”, по што кариерата ја продолжи во Лекарската комора.
Долги години подготвуваше и уредуваше текстови, посебни тематски публикации и инфо-гласила на различни асоцијации, здруженија, организации и компании (Стоматолошка комора на Македонија, „Порака”, Сојуз на помош за лица со ментален хендикеп и други). Автор е и учесник во подготовка на повеќе релевантни меѓународни анализи за состојбите и реформите во здравството.
„Сите ние загубивме драг пријател и извонреден колега. Нека почива во мир“, велат од Лекарската комора и бројни колеги новинари кои работеа со него.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228