Сто четириесет и девет години од раѓањето на Гоце Делчев
Во земјава денеска се одбележуваат 149 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.
По тој повод, на неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ во Скопје ќе биде одржана панихида, овеќе делегации ќе положат цвеќе.
Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.
Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.
Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Ново на Сител
-
Израел ги проширува воените операции и окупира делови од Газа
-
Келог: Конфликтот во Украина е на работ на примирје, но потребен е договор
-
Неврологот од Гостивар кој ја менува политичката сцена | Арбен Таравари | Sitel Podcast 087
-
Политико: Маск наскоро ќе се повлече од челното место во ДОГЕ, се враќа на бизнисот
-
Руте: Целосно сум убеден дека НАТО ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од Алијансата
-
Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до државите кои помогнаа по трагедијата во Кочани
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата