Поради еден заразен два милиони луѓе во Австралија во карантин

Од денес, околу два милиони Австралијци се под строги мерки на заклучување откако беше откриен случај на коронавирус во Перт, главниот град на државата Западна Австралија.
Властите воведоа петдневна блокада на Перт откако беше заразен работник од хотелско обезбедување кој служеше како карантин за патници од странство, пренесува Ројтерс.
Според изјавата, 66 лица биле во близок контакт со него и ниту еден од резултатите од тестот досега не бил позитивен за вирусот корона.
„Вкупно 13 блиски контакти се негативни за вирусот, а 11 ризични контакти се префрлени во карантин во хотелот како мерка на претпазливост“, рече премиерот на Западна Австралија Марк МекГован
Австралија во голема мерка успеа да го спречи ширењето на коронавирусот, бидејќи се потврдени скоро 29.000 случаи на инфекција, а 909 лица починаа.
Ново на Сител
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
-

Рама одбива да поднесе оставка, тврди дека зад протестите стојат надворешни сили
-

Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени полицајци по вчерашните протести, Макрон вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата
-

Сообраќајна контрола во Скопје: Осум возачи затекнати под дејство на алкохол
-

ФФМ: ВАР проверката потврди офсајд, поништен гол на Башкими против Силекс
-

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот е 20,50 отсто, споредено со првиот круг од изборите во 2025 излезноста поголема за 1,48 проценти
