Нови шестмина починати и 287 заболени од Ковид-19 во Косово последните 24 часа
Во Косово во минатото деноноќие се регистрирани нови шест смртни случаи како последица на заразата од Ковид-19, а во истиот период има и 287 нови случаи кај кои е откриен коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според последните официјални статистики, досега од појавата на епидемијата, во земјата вирусот е откриен кај вкупно 60.218 лица, од кои починале 1.498 заразени.
Последните 24 часа, согласно последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, како излекувани од болеста се евидентирани 229 лица кои претходно биле дијагностицирани со Ковид-19, со што бројката на оние кои ја совладале болеста достигна до 52.437.
Активни во моментов, според официјалните податоци, се 6.283 случаи.
Вчера се извршени 2.438, а вкупно досега 233.532 тестирања со методот РТ-ПЦР.
Ново на Сител
-
Почина Дикембе Мутомбо
-
Драма во Скопје: Маж со нож ги одзел децата од мајката во прифатен центар
-
Жена нападната од поранешниот партнер - Ја натепал и нејзината малолетна сестра
-
82-годишен дедо полово вознемирувал тројца малолетници
-
Еден од обвинетите за убиствата на Вања и Панче во тешка здравствена состојба е пренесен во болница
-
Изминатата недела 45 случаи на Ковид-19, починати две лица
-
Индустриското производство намалено за 3,6 отсто
-
Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96%