Хоспитализирани 15 нови пациенти во ковид-центрите во Скопје
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 15 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 263 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие, на интерните клиники имало осум приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало три нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника четири во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени пет оздравени пациенти.
Во моментов, на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 25 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на коронавирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 83 болни, а на Клиниката за инфективни болести 84 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти.
Вкупно 263 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
-Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 105 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-

„Емирати“ по краткиот прекин, ги продолжува летовите до и од Дубаи
-

Израелската авијација го нападна Техеран, а Иран со дронови Израел и американските бази во ОАЕ и Кувајт
-

Сончевото и релативно топло време го поттикна пролетното будење на овошките
-

Расел победи на првите квалификации во сезоната 2026 во Формула 1
-

Трамп: Куба е пред колапс и бара договор со САД
-

„Емирати“ на неодредено време ги суспендира сите летови до и од Дубаи
-

Една третина од пратениците во ЕУ се жени, во Македонија 37,5 отсто
-

Цената на нафтата надмина 90 долари, најголем неделен раст од 1983 година
