Поплави во Албанија, Мета бара итно ангажирање на сите структури

По поројните дождови во изминатите денови, кои предизвикаа поплави во повеќе делови на Албанија, шефот на државата Илир Мета побара итно ангажирање на сите структури со цел „државата да му помогне на секој граѓанин од поплавените подрачја“.
Според Мета, тешко е денес да се најде регион во Албанија без проблеми од дождовите присутни изминативе денови.
– Десетици куќи, деловни објекти и големи земјоделски површини, приватен и јавен имот, од север до југ, се поплавени, но недостасува помошта на државните структури за жителите. Во над 10 куќи во Шијак и над 70 во Сухт 2 и Вадард надојдената вода е 30 сантиметри. Истата состојба резултира и во Берат, а се предупредува на можно влошување на состојбата во регионите на Фиер и Корча, напиша Мета на Фејсбук.
Првичните извештаи, додава тој, зборуваат за над 1.500 хектари поплавено земјиште во подскадарскиот регион, а од испуштањето вода од хидроелектраните ситуацијата ќе се влоши, како што е и во областа долж реката Вјоса.
– Во оваа влошена состојба, итно е потребна посветеност на сите структури на централно и локално ниво за да се минимизираат последиците врз имотот и да се избегне каков било ризик по здравјето и животот на граѓаните. Оперативните тимови за цивилна заштита, спасување и евакуација и противпожарните служби треба да бидат 24/7 на терен, покрај граѓаните на кои им е потребна помош, апелира Мета.
Посочува дека Министерството за одбрана и државните резерви мора, без одлагање, да подготват помош во храна и други потреби за семејствата чии домови се поплавени.
Од Министерството за земјоделство побара веднаш да го достави потребното количество на сточна храна за добитокот во сопственост на лица чии домови се поплавени.
Градоначалничката на Скадар, Волтана Адеми, каде состојбата е најсериозна, бидејќи делови се поплавени уште од средината на месецов, за Њуз 24 телевизија вечерва рече дека ќе побара прогласување вонредна состојба на локално ниво. Според неа веќе почнала евакуација на дел од семејства.
Ново на Сител
-

Протести во Прага поради планираното укинување на претплатата за чешките јавни медиуми
-

Од специјализирана продавница за „Покемон“ украдени карти во вредност од над 130.000 евра
-

Трамп бара од Конгресот дополнителни средства за модернизација на американскиот систем за контрола на воздушниот сообраќај
-

Следува променливо облачно и потопло време, од среда повремено силен јужен ветер
-

Изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство во државава
-

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци
-

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
