Албанските граѓани ќе добијат „ковид пасош“ по примената прва доза на анти-ковид вакцината
Албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу вчера изјави дека лицата кои ќе бидат вакцинирани против Ковид-19, ќе добијат документ издаден од владиниот портал е-Албанија, што може да послужи како „пасош за патување“ во странство.
-Планиравме и подготвени сме преку е-Албанија да го добиеме форматот за вакцинација. Така да секој кој ја примил првата доза од вакцината ќе добие „пасош за патување“ во странство преку код скениран преку е-Албанија, рече таа.
Додаде дека поради познатите причини кои ги објави Фајзер доцни испораката на договорените над 10 илјади вакцини од оваа компанија, кои требаше да пристигнат првите денови од третата недела на овој месец.
Порад зголемениот број на новозаразени со Ковид-19 упати апел до граѓаните и деловните субјекти строго да ги почитуваат мерките и протоколите.
Инаку, во последното деноноќие од направените 3.314 тестови, позитивен резултат е добиен кај 739 што е околу 23 отсто од тестираните.
Во списокот на оздравени се внесени 469, битката со опасниот вирус ја загубиле седум лица, сите во болнички услови, додека во четирите ковид болници се хоспитализирани 274 пациенти.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло