Грција започнува со издавање дигитален сертификат за вакцинација

Започнува издавањето на дигиталниот сертификат за вакцинација, тоа е уште една грчка иновација, рече премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис за време на состанокот за текот на спроведувањето на националниот план за вакцинација и додаде дека оваа потврда не значи ограничувања, туку олеснување на движењето и патувањето, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчкиот премиер објасни дека сертификатот е за потврдување на законската вакцинација и е за лична употреба на граѓаните и уште еднаш го повтори предлогот до ЕУ за „единствен сертификат по европски стандарди“.
-Сакам да истакнам дека не станува збор за никакво ограничување, туку напротив ќе ни олесни да се ослободиме од рестрикциите што сега ги наметнува Ковид во патувањата на европските граѓани. Тоа е нешто што особено се однесува на нашиот туризам и перспективите на нашата економија, особено во пресрет на летната сезона, рече Мицотакис и додаде дека засега, овој предлог наидува на топол прием.
За конкретниот грчки предлог ќе се дискутира на утрешниот Самит на ЕУ, а Мицотакис изрази надеж дека ќе се постигне договор за единствен систем за сертификација.
Истакна дека на Самитот ќе побара од Европската комисија да се активира за побрзо одобрување на останатите вакцини, но и да изврши притисок до Фајзер за забрзување на производството на вакцини за „компанијата да биде доследна за дозите за кои се обврза да ги достави до европските земји во првиот квартал од 2021 година“.
Во однос на процесот на вакцинација во Грција, Мицотакис рече дека се одвива регуларно, со големо учество, како на здравствените работници, така и на граѓаните над 85-годишна возраст, со над 90.000 вакцинирани и со закажани речиси 400.000 термини за вакцинација.
-Ние се вакциниравме и со втората доза, без апсолутно никакво несакано дејство. И секако, треба да повториме дека овие вакцини се чувствителни, бараат посебни услови и е многу важно да не се загуби ниту една доза, истакна Мицотакис.
Ново на Сител
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
-

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласале 85 болни и немоќни лица
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство

