НАСА и роверот „Љубопитност“ 3.000 дена на Марс
Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА одбележува 3.000 дена откако роверот „Љубопитност“ (Curiosity), слета на Марс, на 6 август 2012 година.
Во чест на настанот, НАСА минатата недела објави тнр. панорамска фотографија од Црвената планета, направена од роверот на 18 ноември 2020 година – 2.946-тиот ден. Снимката се состои од 122 посебни кадри од околината на роверот.
„Љубопитност“ во мигов е на планината Шарп, и бара сознанија околу тоа – зошто Марс се претворил од влажна планета во денешнатта студена пустина. Планината Шарп се издига на 5,5 километри од подножјето на кратерот Гејл, каде што слета роверот во 2012 година.
Деновите на Марс се нешто подолги од оние на Земјата. Еден ден таму е еднаков на еден ден и 40 минути на нашата планета. За околу еден месец, се очекува уште еден ровер на НАСА – „Упорност“, да слета на Марс. Тој ќе има поразлични задачи – ќе бара податоци за можен живот во минатото и ќе собира примероци коишто ќе бидат вратени на Земјата заради испитување.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
-

Поевтинување на горивата од полноќ - ова се новите цени
-

Приведени шест малолетници од Скопје, со употреба на остар предмет од малолетник одзеле пари
-

25-годишник пијан предизвикал пожар во своето село, измерени му се 2,36 промили алкохол во крвта
