АБА лига: Ц.Звезда до нов триумф
Кошаркарите на Црвена Звезда остварија нова победа во АБА лигата откако попладнево на гостувањето во Цеље го совладаа словенчкиот тим Тајфун со 73:63 (20-21; 19-14; 18-14; 16-14). Ова за шампионот Ц.Звезда беше 13.та победа сезонава, а со слабата прва четвртина „црвено- белите“ со играта во одбрана кога примаа по 14 поени во следните три четвртини дојдоа до посакуваната победа. Братоз кај Тајфун со 16 поени беше најефикасен, а Јовиќ кај Ц.З. постигна 14, додека Штимац беше на чекор до „дабл-дабл“ 9 поени и 9 скокови.
Резултати на првите две средби од 17.коло во АБА лигата:
Металац – Сутјеска 84:78 и
Цедевита – Крка 70:60.
Двојките за утре се:
МЗТ Скопје – Мега и
Задар – Будуќност.
Последниот натпревар за 2015 година во АБА лигата е закажан во среда играат: Олимпија и Цибона.
Табела: Будуќност 14-2 (победи-порази), Цедевита 14-3, Црвена звезда 13-4, Мега Лекс 10-6, Крка 8-9, МЗТ Скопје 7-9, Задар 7-9, Металац 7-10, Тајфун 7-10, Олимпија 6-10, Партизан 6-10, Цибона 6-10, Игокеа 5-11, Сутјеска 5-12
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера