-->
-->
Слаб снег на планинскиот превој Буково, магла на патот Тетово-Лисец
-->
Врнежи од слаб снег утринава има на планинскиот превој Буково, но според информациите од Авто Мото Сојузот на Македонија, тие во моментот не претставуваат пречка во одвивањето на сообраќајот.
Поради магла, намалена видливост до 20 метри има на патниот правец Тетово-село Лисец.
Во утринскиот извештај на „Авто Мото Сојузот на Македонија“ се наведува дека според информација од „Македонијапат“ се уште е во прекин сообраќајот на патниот правец Кочани – М.Каменица, на делницата од Истибања до браната Калиманци, кај м.в. Ајдучки Камен. Лесните патнички возила се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Кочани – Виница – Бигла – Делчево, а тешките товарни возила и автобуси преку регионалниот патен правец Кочани – Виница – Берово – Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло