Рекордни поплаки за топлинска енергија до РКЕ
Неподмирените сметки на куќните совети на зградите, причина за големиот број поплаки за парно греење годинава, велат од регулаторна. Оттаму појаснуваат дека голем дел од нив поради тоа што не ги покриле трошоците за заедничките простории каде се наоѓаат и топлинските подстаници им било исклучено греењето. Затоа регуалторна ќе бара од БЕГ од следната грејна сезона пробните пуштања да се вршат пред први октомври за да има време да се интервенира, а домаќинствата да не се доведат во ситуација да останат без греење.
Регулаторна ќе бара и зголемување на казните за дистрибутерите на топлинска ененргија, затоа што велат дека сегашните се ниски и незначајни.
Инаку, од пред извесно време Регулаторна му наложи на БЕГ и при повисоки надворешни температури да не го исклучува греењето, зашто годинава со стартот на грејната сезона дел од корисниците се пожалија на ладни радијатори. Во моментов на градско парно се приклучени околу 60 илјади домаќинства, а од скоро и Соборниот храм се грее на парно.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
