Прв јавен повик за наставници од основни училишта за напредување во звање „ментор“

Со почетокот на календарската 2021 година првпат во Македонија започнува и имплементацијата на законска одредба наменета за наставниците за кариерен напредок во звања – „ментор“ и „советник“, што подразбира и стекнување на дополнителен паричен надомест, како дел од личниот доход од работниот ангажман, соопшти Министерството за образование и наука.
Се работи за право кое произлегува од новиот Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, креиран како дел од Планот за темелна реформа на националниот образовен систем и има за цел да влијае на личната мотивација на наставниците за работа и да придонесе за подигнување на дигнитетот и општествената важност на просветителската дејност, стои во соопштението.
Првиот јавен повик за наставници од основните училишта за напредување во звање „ментор“ е објавен на следниот линк. Повикот предвидува конкретни квоти за секоја општина, односно колку најмногу наставници во текот на оваа календарска година можат да напредуваат во соодветното звање.
За да се пријави еден наставник на повикот, потребно е да исполнува неколку услови, односно да има најмалку 7 години работно искуство како наставник, да е вработен на неопределено работно време и да ги исполнува професионалните стандарди за наставник – ментор.
МОН додава дека пријавувањето се спроведува исклучиво електронски преку порталот www.karierenrazvoj.mon.gov.mk, каде во прилог на апликацијата се приложува и соодветна документација како доказ за исполнетост на наведените услови. Крајниот рок за аплицирање е 21 јануари 2021 година, а резултатите од повикот ќе бидат објавени најдоцна до 10 февруари 2021 година.
Министерството за образование и наука ги повикува сите наставници од јавните основни училишта да го разгледаат повикот и доколку ги исполнуваат условите за аплицирање, да ја поднесат својата пријава во предвидениот рок, за да го остварат своето законско утврдено право за напредување во звање „ментор“, а со тоа и да си обезбедат повисок личен приход.
Ново на Сител
-

Апокалиптични сцени во Непал: Стотици исчезнати и десетици загинати по катастрофални поплави
-

Во вториот квартал од годинава за 1,5 отсто намален бројот на невработени лица
-

ЕК објави распоред на летното и зимското сметање на времето за следните пет години
-

Ужас во Прилеп: 48-годишник во повеќе наврати ја силувал малолетната поќерка
-

Рустемовски со бронза се враќа во Македонија, по израмнета борба остана без финале
-

Клековски: На Инфективната клиника хоспитализирани 21 лице со западнонилска треска
-

Речиси 500 мигранти за два дена биле откриени во близина на грчкиот остров Крит
-

УХМР: Утре портокалова фаза во делови од земјата
