Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 22 пациенти, а вкупно се лекуваaт 375

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 375 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за Неврологија, на Клиниката за Гастроентерохепатологија и на Клиниката за Неврологија. Двајца болни се примени на ТБЦ и уште двајца на Клиниката за Дерматологија. Тројца болни биле хоспитализирани на ОРЛ.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 4 во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 13 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти, на
Клиниката за очни болести 8 пациенти, а на ОРЛ 10 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 126 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти.
Вкупно 375 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 120 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
Ново на Сител
-

Трамп и Орбан ќе се сретнат во Белата куќа, руската нафта и билатералната соработка меѓу темите
-

Ја намамил жртвата во својот автомобил, ја однел на локација, па со друго лице му пукале во глава - расветлено убиството во Чашка
-

Температурата утрово од 2 до 12 степени, најмногу дожд во Крушево
-

САД од денеска ги намалуваат домашните летови за четири отсто поради затворањето на Владата
-

Започнува чистењето на Скопје, Меџити: Ова е почеток на едно ново поглавје за Скопје
-

Премиерот Мицкоски на увид во градежните работи поврзани со проектот градски воз
-

Хегсет: Три лица, означени како наркотерористи, загинаа во напад на американската армија во Карипско Море
-

Поради изведување зафат за водоводен приклучок без вода дел од корисниците од улица „Христо Смирненски“
