Експлозија на аеродром во Јемен - неколку загинати и повеќе повредени лица

Силна експлозија и пукање го погоди аеродромот Аден во Јемен во моментот кога слетал авионот со кој се превезувале членовите на новата јеменска влада.
Членовите на владата кои пристигнале од Саудиска Арабија не се повредени, бидејќи во тоа време биле во авионот. Според првите информации, загинале 5 лица, а над 20 се повредени.
Новата јеменска влада треба да почне со работа денес, предводена од Моин Абдул-Малик.
Претходно, владата на Јемен положи заклетва во Ријад, каде што е претседателот на земјата, Абду Рабу Мансур Хади.
Аден е привремен главен град на Владата на Јемен, која е признаена од меѓународната заедница, по бунтот на Хутите во 2014 година.
Вистинскиот главен град на републиката, Сана, веќе шест години е контролиран од шиитските бунтовници, Хутите.
Ново на Сител
-

Јаневска: За трите закони за високо образование не треба бадентер, се надевам на брзо усвојување зашто губат младите
-

Регистрирани осум пожари на отворено - пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола
-

Следната учебна година ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку
-

Вработен во кафуле со остар предмет повредил тетовчанец
-

Над 100 смртни случаи и 150.000 пријави за несакани реакции од лекови за слабеење во Британија
-

32 годишник искршил покуќнина и ги нападнал родителите со нож откако не му дале пари
-

Мицкоски: Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија
-

Пукал со пиштол на семејна веселба, куршумите оштетиле покрив на куќа - Приведен маж од Боговиње
