Нова водоводна мрежа на улицата „Сердарот“ во Драчево
Жителите од улицата „Сердарот“ во Драчево добија нова водоводна мрежа со вкупна должина од 1.345 метри, во вредност од околу 21 милиони денари. За таа цел денеска увид во градежните работи завршија претседателот на Советот на Кисела Вода Трајче Донев, генералниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Александар Атанасов и секретарот на Град Скопје Марјанчо Тодоровски.
- Се работи за изведба на нова водоводна мрежа што се работеше во три фази. Во првата фаза беа изведени 464 метри, во втората фаза 361 метри и во последната фаза беа изведени 320 метри. Водоводната мрежа е со профил на цевки од 110 и 90 милиметри, рече Атанасов. Додаде дека по барање на граѓаните третата фаза ќе биде продолжена за уште околу 200 метри и ќе изнесува 520 метри.
Со реализација на мрежата и прикучоците од мрежата до водомерните шахти, како што рече, во нивните дворови водоснабдување ќе имаат околу 700 жители, чии домови гравитираат кон изведената улична водоводна мрежа.
- Се заокружува еден проект кој е од голема важност за жителите на селото Драчево. Изградбата на трета фаза од проектот за реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Сердарот“ ќе стави крај на проблемите кои само до пред неколку години ги имаше локалното население. На ова место постоеше дотраена водоводна мрежа, изградена по земјотресот од страна на жителите, што резултираше со слаб притисок и недоволна количина на вода, истакна Донев.
Атанасов, Тодоровски и Донев се сретнаа и со жителите на Драчево, кои изразија задоволство од реализацијата на овој проект.
Ново на Сител
-
Неготино: Маж ја натепал својата сопруга, и извадил и нож
-
ЕУ одобри 13 милиони евра помош за Армијата
-
Скопјанка ја каснало куче скитник, при што паднала и се повредила
-
Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена
-
МВР: Кривични пријави за „перење пари“ и „приредување на игри на среќа без лиценца”
-
Србите ќе патуваат без зелен картон во Македонија
-
Уставен одлучи да поведе постапка за постапувањето на операторите со податоците на претплатниците
-
Иљази исплаќала пари на лица што не работеле на Токсикологија - поднесено обвинение