Македонија
28. December 2020 - 19:58

0800 00 201 бесплатен број на МВР за пријава на новогодишни прослави

Полицијата бара помош од граѓаните за време на новогодишната ноќ заеднички да делуваат да се спречат собирања по локали, викендички и домови. Од Министерството за внатрешни работи појаснуваат дека целосно ќе постапат по сите јавувања од граѓани на телефонската линија, која е отворена токму за таа цел. Потенцираат дека повиците ќе бидат анонимни и затоа ги повикуваат граѓаните кои ќе забележат журки и собиранки во нивна близина да информираат во МВР. Само така ќе се спречи ширењето на заразата и евентуално појавување на нов трет бран на заболени.

И од пазарниот инспекторат велат дека за време на новогодишните и божиќните празници инспекторите постојано ќе бидат на терен.

Инаку, досега инпекторатот затворил над 30 локали кои ги прекршиле протоколите или пропишаното работно време.