Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово - Божик
Католичките верници и дел од православните христијани кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово - Божик. Традиционално во Македонија централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќаимаше божикна полноќна света литургија.
На литургијата присуствуваа и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и претседателот на Владата Никола Груевски со сопругите, како и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска.
Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, честитајќи им го празникот Божик на католичките верници на литургијата ја прочита божикната порака.
- За нас верниците Божик е вистинска средба со Бога и тоа длабока во нашата свест, совест и нашето срце. Бог е создател на материјалните добра, но нив ги даде да со нив се служиме а не да робуваме. Посебно, со материјалното да не присилуваме други на немаштина и вистинско сиромаштво. Бог со овој настан објави вистинска слобода, каде човекот е најголема вредност дури и да е повиен во пелени и положен на слама во јасли. Неговата големина не се состои во тоа што има, туку во тоа што е. Божјата скромност е силна порака на денешниот раскошен и заробен човек со сите изуми како што се: хедонизмот, материјализмот, егоизмот.
Божик сака барем за миг во тој лажен свет да не собере околу најголемата вредност, а тоа е човекот. Вечерва да измолиме од Бога да ни ги отвори очите на нашето срце, нашиот ум и во животот да препознаеме вистински вредности и за нив да се залагаме да Божјото очовечување ни биде наша божественост. Сакам да предложам, денес на Божик повикајте некој сиромав, болен, во потреба и ќе почувствувате дека нанесувајќи среќа на другиот го среќавате Бога, а на тој начин и самите ќе се почувствувате исполнети.
Драги верници, честитајќи ви го овој голем празник на Христовото Рождество – Божик, посакувам Тој да ни биде средба и настан кој во нас, во длабочините на нашите срца – колку и да биде тоа сиромашно – ќе се роди Емануел – Бог со нас! Христос се роди!, истакна бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов.
Божик денеска слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот календар. Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари.
Ново на Сител
-
Академски пленум: Професорите ќе поднесат петиција за вонредни избори, Вучиќ и Мацут поканети лично да ја примат
-
Владата на САД го одзема правото на Харвард да запишува странски студенти
-
Трипуновски: Новиот Закон за земјоделство и рурален развој на ЕНЕР, акредитацијата на ИПАРД 3 не е загрозена
-
Мексико се уште преговара со Трамп за царините
-
Холандската централна банка до граѓаните: Секое домаќинство да има кеш - 70 евра по возрасен и по 30 евра по дете
-
Лишен од слобода возач во Штип, управувал возило со 2,27 промили алкохол во крвта
-
Сиљановска-Давкова во телефонски разговор со Зеленски изразила поддршка на напорите за крај на војната
-
Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто