Премиера на необјавената „Божиќна песна“ на Влатко Илиевски

Нашата голема музичка ѕвезда Влатко Илиевски, која нѐ напушти пред две години, остави многу хитови зад себе, но и нови песни, кои не стигна да им ги претстави на своите многубројни обожаватели во земјата и надвор од неа. Една од нив е и „Божиќна песна“.
На радиостаниците во Македонија денеска премиерно ќе биде пуштена „Божиќна песна“, која Влатко ја снимил со хорот „Златно славејче“, но досега не е објавена. Музиката и аранжманот се на Кире Костов, текстот го напиша Љупчо Јакимовски, а снимена е во студиото „Торус“ на Александар Митевски.
Пред извесно време беше издадено и цеде со најголемите хитови на Влатко, насловено „За љубов се пее до крај“, а песните што популарниот пејач се подготвувал да ги стави на новиот албум исто така наскоро ќе ѝ бидат претставени на јавноста.
Хитовите на Илиевски може да се слушнат и на неговиот музички канал на Јутјуб, а во подготовка е и монографија за него. Во план е и организирање концерти „Пријателите за Влатко“, но поради пандемијата на коронавирусот, тие ќе почекаат подобри денови.
Ново на Сител
-

Деловен форум „Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: Деловен раст и партнерства“
-

Премиерот Мицкоски во посета на фабриката КОСТАЛ Македонија
-

Трамп: САД соработуваат со Израел со цел да воспостави подобри односи со Сирија
-

Во Скопје 10. Годишна регионална конференција за координација на безбедноста
-

Украина изврши напад на Русија со дронови, погодена рафинерија за нафта
-

Американскиот Сенат го одобри законот за финансирање, отворајќи го патот за завршување на блокадата на Владата
-

Без струја изутринава дел од корисниците во Центар, Зелениково и Ѓорче Петров
-

Локални врнежи претпладне, до крајот на денот стабилизирање на времето
