Бизнис
16. December 2020 - 16:51

Сетек со попусти го слави роденденот

Од денеска роденденски попусти во СЕТЕК на целиот асортиман производи. По повод 27 години постоење на пазарот, СЕТЕК-сè од техника ги намали цените на сите продукти дури до 50%. Попусти има во сите салони на СЕТЕК ширум земјава и ќе траат до недела.

“А по повод роденденската недела се потрудивме многу, обезбедивме многу техника, апарати за домаќинство, телевизори, мобилни телефони, па дури и лап топ-и, кои што без во дефицит изминатиов период. Обезбедивме многу поволности, плаќање на рати со мала месечна рата, понатаму премиум достава и монтажа во домот на потрошувачите”, вели Дејан Кимовски, директор на СЕТЕК-сè од техника.

Намалување на цените има кај сите производи: аудио, видео и бела техника, компјутери и ИТ опрема, мобилни телефони, апарати за лична нега, уреди за ладење и греење итн.

“Ги повикувам да поминат во салоните, да се консултираат со некој од нашите експерти, да се советуваат, да одберат тоа што најмногу им одговара и да се уверат во навистина големите попусти. Сетек-сè од техника секогаш го има најдобриот и најголемиот избор на техника”, вели Дејан Кимовски, директор на СЕТЕК-сè од техника.

Сетек има 28 салони ширум земјава, каде нуди производи од над 80 светски брендови.