Приведен сопственик на локал поради прекршени ковид мерки
Сопственик на локал во Тетово на возраст од 38 години е приведен синоќа околу 21 часот и 20 минути поради прекршените мерки за заштита од ширење на коронавирус, соопшти денеска СВР Тетово.
Тој сега ќе се соочи со кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
-Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 38-годишниот тетовец Д.С, чиј угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, работел со гости по дозволеното време и не ги почитувал мерките за справување со коронавирусот. Објектот бил затворен, додека Д.С. е задржан во Полициската станица Тетово за целосното расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Поради истите причини за прекршените протоколи за работа во време на епидемија во тетовско беа приведени сопственици на локали во Мала Речица на 2 декември и во Пирок на 10 декември.
Ново на Сител
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
МОН: Учебници за сите ученици на стартот на новата учебна година
-
Полицаец обвинет за давање поткуп на колега на ГП Долно Блаце
-
Четири возила кај „Зебра“ изгореа во пожар
-
Милевски го објави списокот за септемвриските натпревари на македонската фудбалска репрезентација