Кампањата за избор на градоначалник на Штип завршува на полноќ
Кампањата на петмината кандидати за градоначалник на Општина Штип завршува ноќеска на полноќ, а веќе утре своето право на глас ќе го искористат 12 лица кои се заразени со коронавирусот или се во изолација. Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Сенка Андреева информираше дека во сабота ќе гласаат 66 болни и немоќни лица во своите домови, а во пет казнено-поправни институции можат да гласаат 67 осуденици од Општина Штип.
Пристигнат е недоверливиот материјал, а доверливиот односно гласачките ливчиња и избирачкиот список се очекува да пристигне во текот на попладневните часови. Според Државната изборна комисија во изводите од Избирачкиот список за гласање во Општина Штип се запишани 39.605 гласача, во посебниот избирачки список што се однесува на лица кои се на привремен престој или работа во странство се запишани 2.103 лица, во посебниот избирачки список кои се во затвор или во притвор се запишани 67 граѓани и лица згрижени во домови за вонсемејна заштита се двајца гласачи. Вкупниот број на гласачи е 41.777.
Избирачките места кои се 77 на територија на Општина Штип на 13 декември ќе бидат отворени во 7, а затворени во 19 часот.
Ново на Сител
-
Батлер кариерата ќе ја продолжи во Голден Стејт
-
Колумбискиот претседател вели дека кокаинот „не е полош од виски“
-
Во текот на ноќта регистрирани 22 земјотресa над четири степени во близина на Санторини
-
Во Србија повикуваат на нов петдневен бојкот на трговските синџири, некои ги зголемија цените дополнително
-
Дојави за бомби во училишта во Загреб
-
Министерот Муцунски во посета на Австралија
-
Без струја делови од Карпош, Чаир, Чучер Сандево и Аеродром
-
Нетанјаху ја поздрави идејата на Трамп за евакуација на Палестинците од Газа