Во Албанија 752 новозаразени, 545 оздравени и 15 починати од Ковид-19
Во Албанија продолжува неколку седмици присутната неповолна епидемиолошка состојба со Ковид-19,каде костантно процентот на новозаразени во просек е 30 отсто од тестираните.
Според Министерството за здравство и социјална заштита опасниот вирус е дијагностициран кај 752 лица, од тестираните 2.620 сомнителн случаи што е 29 отсто.
-Во изминатите 24 часа за жал битката со опасниот вирус ја изгубија 15 пациенти со што бројот на починати се зголеми на 951 лице. Во исто време оздравени се 545 или 23.072 од вкупно зарзените 45.188 лица. Во четирите ковид болници се хоспитализирани 454 паценти, 39 на интензивна терапија додека 13 се интубирани, информираше Министерството.
Во меѓувреме претседателката на Комитетот на експерти за справување со пандемијата и заменик министерка за здравство Мира Ракацоли состојбата ја оцени како релативно стабилна.
-Оваа недела е многу значајна за епидемиолошка оценка во однос на показателите. По проценката што ќе ја направиме ќе се одлучи дали ќе има дополнителни ограничувачки мерки, рече Ракацоли.
Според комитетот двонеделната инциденца изнесува 350 случаи на 100.000 жители,што е „најниска бројка во регионот“.
Највисока инциденца во земјата има во Тирана, Ѓирокастро и Лежа.
Ново на Сител
-
Во регистарот на ДКСК евидентирани 1916 возила согласно роковникот на за локалните избори
-
„Дружба“ повторно активен: Унгарија ја обнови испораката на нафта
-
Арсенал суспендираше 17 свои навивачи
-
На ГП „Табановце” и на „Богородица“ се чека до 30 минути
-
Во сабота почнува дваесетдневниот увид во Избирачкиот список за локалните избори
-
Трамп: САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка
-
Бесент: Има напредок во трговските преговори меѓу САД и Кина
-
Блумберг: По средбата со европските лидери, Трамп од Орбан побара укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ