Македонија
8. December 2020 - 16:52

Полициска акција во Арачиново

Полицијата заплени поголема количина марихуана во акција која трае веќе втор ден во скопското село Арачиново. Иако, марихуаната е веќе изнесена од селото, полицијата сè уште врши претрес.

Во акцијата учествувале и специјални сили и дека во текот на ноќта ги проверувале сите возила кои влагале и излагале од селото

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат детали за попладнево.

“Уште се постапува во врска со акцијата, во која е запленета поголема количина марихуана и кога целосно ќе заврши акцијата соодветно ќе известиме”, информираат од МВР.

На социјалните мрежи се појави и видео на кое се гледа дека повеќе полициски автомобили возат во конвој и обезбедуваат два камиони во кои наводно се наоѓа запленетата марихуана од Арачиново.
Неофицијално,  полициската акција е поврзана со кражбата од пред неколку дена во валандовско Јосифово. Имено, во петокот рано наутро било пријавено дека неколку наоружани лица насилно влегле во склад, каде се чувала легално произедена марихуана, од каде украле и со камион изнеле два тони марихуана.