НАТО: Американските трупи нема да бидат повлечени од Косово
Американските трупи нема да бидат повлечени од Косово, иако Пентагон го започна планираното повлекување на американските трупи од Ирак и Авганистан.
Таа информација ја потврди извор од НАТО, додавајќи дека не се очекува истото да се случи и со Косово, објави порталот Зери. НАТО вели дека сојузниците се посветени на одржување на своите сили во мисијата КФОР, која се состои од повеќе од 3.000 војници.
„Ние редовно ја проценуваме нашата мисија на КФОР и врз основа на тоа сите сојузници се согласуваат дека треба да ја одржиме сегашната сила од приближно 3.000 војници. Во согласност со мандатот на ОН, нашата мисија на КФОР ќе продолжи да обезбедува мирно и безбедно опкружување и слобода на движење за сите заедници во Косово“, рече неименуван претставник на НАТО.
Дијалогот меѓу Белград и Приштина е важен за НАТО, за кој велат дека целосно го поддржуваат.
„НАТО, исто така, целосно го поддржува продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ. Ова е клучно за Белград и Приштина, но исто така и за регионалниот мир и безбедност”, додаде официјалниот претставник на НАТО.
Ново на Сител
-
ОАЕ се соочуваат со нагло зголемување на температурите ова лето, температурите достигнуваат 51,8 степени
-
Анкета на српските студенти во блокада: Поддршката за СНС под 40 проценти
-
САД може да бараат гаранции до 15.000 долари за некои туристички и деловни визи според новата пилот-програма
-
Вардар ја одреди цената на влезниците за дербито со Пелистер
-
Најчестите знаци на анксиозност кај децата
-
Земјоделските култури под топлотен стрес, се очекува врнежите да ја подобрат состојбата
-
Невреме во Скопје проследенo со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-
Земјотрес на подрачјето Тетово - Гостивар со интензитет од три степени