Уапсена старица која предводела наркобанда, користеле рецепти за готвење како шифри
Римската полиција ја уапси 70-годишната Бјанка Зарфати, позната под прекарот „тетка Бјанка“.
Како шеф на банда, таа е обвинета за дистрибуција на дрога во северниот дел на Рим, пишува весникот „Ил фато Котидијано“.
Снимки од телефонски разговори откриваат дека членовите на бандата комуницирале едни со други користејќи шифриран јазик, па така тие дрогата ја нарекувале „пржени лепчиња“, „лазања“ или „шпагети со шкампи“.
Кога била уапсена тетка Бјанка се бранела велејќи дека само разменувала кулинарски рецепти.
Бандата била специјализирана за дистрибуција на кокаин, а прислушувањето преку телефон покажало дека се жалат едни на други „дека има малкумина кои сè уште работат сериозно, на стар начин и со кои дадениот збор непорекливо важи“.
Покрај шефицата тетка Бјанка, уапсени се и десетина нејзини соработници, а кај седуммина е утврдено дека добивале месечна парична помош од државата наменета за лица кои немаат никаков или помал приход од минималниот потребан за преживување.
Ново на Сител
-
Словенечки пожарникари и специјализирана опрема пристигнуваат во Берово
-
Без струја корисници на улиците „Иван Цанкар“, „Франц Прешерн“ и „Вангел Дину“ во Карпош
-
Во Нови Сад прифатена иницијатива за споменик на жртвите од падот на бетонската настрешница
-
Посвежо време со локални врнежи и максимална температура до 35 степени
-
Ен-Би-СИ: Жештината е тивок убиец, поголем од поплавите, ураганите, торнадата
-
Трамп го отфрли тврдењето на Нетанјаху дека нема глад во Газа
-
Уапсен србин кај Ѓавато, не застанал на знак на полицијата, па потоа го оставил автомобилот и пробал да побегне
-
ЦУК: 20 пожари на отворен простор, десет активни, пет ставени под контрола и пет изгаснати