Албанија забранува партиски, верски и домашни собирања
Техничкиот комитет на експерти за заразни болести на Албанија донесе одлука за дополнителни ограничувања поради ширењето на коронаврусот.
-Забранети се собирања на повеќе од 10 лица на отворен и затворен простор, забрана за партиски состаноци и собири, конференции, церемонии по повод празници,како и домашни веселби и погребни церемонии кои ќе може да се одржуваат само во кругот на семејството. Ова ќе важи до следна одлука, стои во соопштението.
Поради влошената епидемиолошка состојба Комитетот, чии одлуки се правосилни и нема потреба од дополнително одобрување од страна на Владата или ресорното министерство, на 11 овој месец воведе полицски час од 22:00 до 06:00, а од 15 октомври задолжително носење заштитна маска и на отворен простор.
За непочитување на полицискиот час следува парична казна од 80 евра додека за неносење маска 25, а доколку биде повторен прекршокот 40 евра.
Ново на Сител
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Велики петок - најтешкиот ден во годината
-

Претседателот на Либан: Единственото решение е прекин на огнот што води кон разговори со Израел
-

РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници
-

Почнува целосна примена на ЕЕС системот за влез ЕУ
-

Зеленски: Украина ќе го почитува велигденското примирје
-

На Србија ѝ се заканува губење на 1,5 милијарди евра од фондовите на ЕУ
-

Променливо облачно со сончеви периоди
